Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија е забележан пораст на бројот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија е забележан пораст на бројот на пациенти кои побарале стручна помош поради психолошки последици од семејно или партнерско насилство. Анализата на електронските здравствени записи покажува дека само во првите седум месеци од годинава биле евидентирани 101 случај, што е повеќе од вкупно регистрираните 79 случаи во текот на целата 2025 година.

Како што соопштуваат од Клиниката, според податоците кои ги презентирала проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, одржано во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 во Охрид, најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март, кога биле регистрирани 27 пациенти, во април 23 и во јуни 21 пациент. Од Клиниката посочуваат дека овој период се совпаѓа со случајот во Скопје кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон, по претходно претрпено долгогодишно семејно насилство.

Истражувањето опфатило ретроспективен преглед на записите во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за пациенти со дијагнози од групата F43, кои се однесуваат на растројства поврзани со стрес.

Реклама

Проф. Арсова нагласила дека податоците треба да се толкуваат како евидентирани медицински случаи и не мора нужно да значат дека семејното насилство во општеството е во пораст. Според неа, бројките може да се должат и на подобро препознавање и документирање на случаите, како и на поефикасно упатување на пациентите кон здравствените установи.

– Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита – стои во соопштението.

Анализираните случаи покажуваат дека последиците од семејното и интимно-партнерското насилство ги погодуваат сите возрасни групи. Просечната возраст на пациентите била 40 години, при што биле евидентирани 19 лица помлади од 18 години и 29 лица постари од 60 години. Жените биле застапени трипати повеќе од мажите.

Податоците на Клиниката се надоврзуваат на статистиката на Министерството за внатрешни работи, според која бројот на пријави за семејно насилство пораснал од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година.

– Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година – дополнуваат од Клиниката.