Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија на врвот на светската мапа за човечки достигнувања. Во светски познатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија на врвот на светската мапа за човечки достигнувања. Во светски познатата природна атракција, пештерата Врело на езерото Матка кај Скопје, поставен е нов светски рекорд во човечко нуркање. 33-годишниот полски нуркач Бартиломеј Питала стигна дури до 338 метри длабочина во подводната пештера Врело која сега и официјално е најдлабоко истражената од човек нуркач.

Овој рекорд не го надмина само тој за нуркање во пештери туку  и воопшто за нуркање во отворена вода. Бартиломеј стигна 26 метри подалеку од претходниот рекордер Егзавие Менискус кој го достигна ова во француските Пиринеи. Полскиот нуркач кој во подвигот учествуваше заедно со неговите колеги од клубот „Врело“ од Македонија со подвигот го подобри и ланскиот личен рекорд кој го постигна токму на Матка:

„Лани успеавме да пробиеме до 290 метри ставајќи ја пештерата на второ место на најдлабоките подводни пештери во светот. Значи кога го имаш второто место би било одлично да го добиеш и првото, нели? Така што веднаш знаевме дека сакаме да се вратиме во Врело за повторно да се обидеме и така, еве сме оваа година, успеавме да пробиеме во пештерата до 340м и сега ова е најдлабоката пештера во светот“, изјави Бартиломеј Питала, рекордер во длабинско нуркање

Реклама

Од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ истакнуваат дека ова достигнување не е само огромен успех за нуркачите туку е нешто со коешто може да се гордее и цела Македонија.

„Ова не е само еден светски рекорд, дека ова се повеќе светски рекорди и ова значи како за градот Скопје за Македонија и за целиот свет, значи постигнат е рекорд на најдлабока пештера во светот истражена од човек или нуркач, постигнат е рекорд за длабинско нуркање воопшто на отворени и затворени води, постигнат е рекорд на најмлад нуркач кој се симнал под 300м, постигнат е рекорд на затворен круг на нуркање на таа опрема досега никој не се спуштил толку длабоко“, изјави Христијан Милановски, член на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Од клубот велат дека подготовките за експедицијата биле голем предизвик, посебно од аспект на безбедноста. За се да помине во ред во изминатава недела се грижеле специјалните полициски сили „Тигри“ кои постојано биле до нив:

„Имавме за цел да направиме истражување на длабочините на пештерата, експедицијава трае 7 дена, меѓутоа самата организација беше многу повеќе, значи се организираме веќе околу 8 месеци“, изјави Слободанка Јакимовска, член на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

За време на експедицијата, освен истражувањето на длабочините, нуркачките тимови открија уште 2 нови неоткриени канали, кои значително ја зголемија вкупната позната должина на пештерата. Во експедицијата учествуваа 15 нуркачи од Полска, Италија и Македонија. Финалното нуркање со кое се постигна рекордот траеше 9 часа и беше внимателно следено од 12 нуркачи распределени во различни длабочини за да го пратат безбедното излегување на Бартиломеј Питала.