Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Дигитализацијата и вештачката интелигенција се основа за зголемена продуктивност и зголемен профит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализацијата и вештачката интелигенција се основа за зголемена продуктивност и зголемен профит кај компаниите, велат експертите. Според нив, со користење на алатките што ги нуди технологијата може да се забрзаат процесите, да се поедностави работењето, но и да се намалат трошоците во одредени сектори. Според експертите, малите и средните компании можат многу да искористат од вештачката интелигенција, затоа што покриваат повеќе позиции во една компанија.

„Ако сте претприемач, обично сами ги работите маркетингот, продажбата, развојот на продуктот, комерцијализацијата на иновациите, сето она што го опфаќа продуктот. Така што можете да бидете попродуктивни со користење на вештачката интелигенција. Но, она што сакам да го потенцирам е дека е потребно да имате некој систем што АИ може да ви помогне да го подобрите, да го дигитализирате или да го направите поефикасен, но секако мора да имате нешто на масата за со самата АИ истото да го подобрите“, изјави Горан Рафајловски, експерт за стартапи, микро, мали и средни компании.

Во моментов, вештачката интелигенција и дигитализацијата се добри за дел од административните процеси, а во иднина се очекува да се користат и во сегментот на стратешко планирање за раст и развој на компаниите. Но, како проблем што го посочуваат компаниите во однос на продуктивноста се административните бариери. Според нив, сè уште банкарскиот сектор, но и дел од државните институции, немаат доволно доверба во дигитализацијата.

Реклама

„Јас мислам дека денес живееме во време во кое технологијата веќе ни го овозможува тоа. Веќе не ни треба посебна технологија за да можеме да го реплицираме она што се прави на хартија. Веќе денес можеме да потврдиме идентитет, да замениме документ во хартиена форма, да го направиме дигитален за пред банките или институциите да докажеме дека нешто фактички на терен или во персоната е како што е, и без таа хартиена форма“, вели Рафајловски.

За поедноставување на процесите, државата веќе го развива софтверот Е-услуги, а наскоро се очекува да го користи и банкарскиот сектор преку модулите за електронска лична карта и вмрежувањето на Централниот регистар и другите институции. Според надлежните, на ваков начин целосно ќе се дигитализираат процесите и ќе се надминат административните бариери. Но, за целосна компатибилност и правилно користење на алатките и дигитализацијата, потребни се дополнителни мерки за заштита и обука. Па така, во моментов компаниите се обучуваат за користење на дигитални алатки преку два проекта што ги спроведуваат стопанските комори во соработка со државата. До крајот на годинава се очекува да биде готова и стратегијата за поголема отпорност од злоупотреби. Сега таа се наоѓа во фаза на јавна анкета, по што ќе треба да биде прифатена од институциите.