Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Работна средба на градоначалничката на Општина Кисела Вода со претставници на куќните совети и заедниците на станари

Градоначалничката на Општина Кисела Вода денеска оствари работна средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода денеска оствари работна средба со претставници на куќните совети и заедниците на станари. Како што информираат од Општината, со цел унапредување на условите во колективните живеалишта, на состанокот присуствувале и општинските инспекциски служби, како и претседателот на Регулаторната комисија за домување, Никола Затуроски.

Основната цел на средбата била преку отворен дијалог директно да се слушнат потребите, барањата и секојдневните проблеми со кои се соочуваат станарите. Во фокусот на дискусијата, се вели во соопштението, биле темите поврзани со редовната проверка и одржување на станбените и заедничките делови од зградите, важноста на противпожарната безбедност и проодноста на евакуациските патишта, како и потребата од брзо реагирање и навремено пријавување на евентуални оштетувања и небезбедни состојби во објектите.

Посебен акцент бил ставен и на доследното почитување на законските одредби од Законот за домување, со кои јасно се прецизираат правата и обврските на станарите, управителите и заедниците на сопственици во насока на непречено и безбедно функционирање на станбените објекти.

Реклама

– Безбедноста во колективното домување и одржувањето на станбените објекти не се прашање на личен избор, туку строга законска обврска. Како локална самоуправа, преземаме проактивен пристап за системско решавање на проблемите во оваа сфера. Преку тесната координација со нашите инспекциски служби и Регулаторната комисија за домување, започнуваме со сеопфатен процес за ставање ред и надминување на сите отворени прашања во оваа сфера. Денеска детално ги мапиравме реалните состојби на терен, а во периодот што следи Општина Кисела Вода ќе преземе конкретни и одлучни чекори кои ќе гарантираат сигурен дом и целосно почитување на регулативите за сите наши жители – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.