Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

Путин и Зеленски сигнализираа подготвеност за разговори, но Русија и Украина продолжија со нови меѓусебни напади

Само неколку часа откако претседателите Путин и Зеленски изразија подготвеност за продолжување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само неколку часа откако претседателите Путин и Зеленски изразија подготвеност за продолжување на разговорите со посредство на САД, Русија и Украина извршија големи напади врз главните градови на двете земји.

Ракети го погодија Киев во раните утрински часови, при што беа повредени најмалку 15 лица, од кои осум се хоспитализирани, соопштија градските власти. Оштетена е и инфраструктурата на метрото на јужниот мост преку реката Днепар во Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

Во друг руски напад во регионот Харков, на североистокот на Украина, загина една жена, а четири лица беа повредени, соопшти регионалниот гувернер Олех Синјехубов на Телеграм. Дрон погодил и дел од украинската енергетска инфраструктура во регионот Полтава, соопштија локалните власти без дополнителни детали. Во меѓувреме, градоначалникот на Москва соопшти дека во текот на ноќта кон регионот биле лансирани 630 дронови, при што најмалку две лица биле повредени.