Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџертот на Општина Карпош за 2026 година

Во рамки на 19. седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на 19. седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги разгледуваа и полноправно одлучуваа по 17 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, Општинскиот Совет го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за третиот квартал за 2026 година. Според образложението, во колоната – План се прикажани вкупните приходи планирани со Буџетот за 2026 година во износ од 2.216.812.599 денари, додека пак во колоната – Реализирано се прикажани реализираните приходи за третиот квартал во износ од 1.123.678.929 денари. Оттука, во Буџетот на Општината се планирани приходите во износ од 1.377.715.599 денари, при што е остварена реализација на приходите за вториот квартал во висина од 548.496.348 денари. ​

Со поддршка на Советот ќе се измени Одлуката за давање согласност за изготвување на физибилити студија, за утврдување на извори на техничка вода на подрачјето на општина Карпош. Имено, измената се однесува на член 2, од оваа Одлука, каде во став 2 се наведува дека: „При изработката на студијата ќе се користат претходно изработени хидрогеографски мапи, анализи и истражувања за подрачјето на општина Карпош, вклучително и документација изработена од релевантни институции и субјекти“. Инаку, изработката на физибилити студијата треба да утврди дали постојат можни извори на техничка вода на подрачјето на локалната самоуправа, која би користела за полевање на јавните зелени површини, за чистење на улици, за одржување на јавната хигиена, како и за други комунални потреби од надлежност на Општината. За таа намена се предвидуваат финансиски средства во висина од 900.000 денари, кои ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Карпош за 2026 година.

Советниците ја изгласаа Предлог – Одлуката за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош, на Бригадата за противпожарна заштита – пункт Тафталиџе. Имено, по повод одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, се доделува ова признание за исклучителниот придонес во заштитата и спасувањето на животот и здравјето на граѓаните, нивниот имот и животната средина, справувањето со пожари, елементарни непогоди и други несреќи, како и за покажаната пожртвуваност, храброст и професионалност при извршувањето на службените задачи. По тој повод, Општина Карпош ќе додели и парична награда од 20.000 денари, на еден истакнат пожарникар од гореспоменатата противпожарна Бригада. Оваа индивидуална награда се доделува за исклучителниот придонес во заштитата и спасувањето на животот и здравјето на граѓаните, нивниот имот и животната средина, справувањето со пожари и други елементарни непогоди и несреќи, како и за покажаната пожртвуваност, храброст и професионалност при извршувањето на работните задачи.

Реклама

По повод одбележување на 50 годишниот јубилеј од постоење на Општина Карпош, локалната самоуправа ќе им додели признание на ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ – итна медицинска помош, за долгогодишната успешна соработка и партнерство со Општина Карпош, како и за значајниот придонес во заштитата на животот и здравјето на граѓаните, преку навремено, стручно и професионално укажување итна медицинска помош. Локалната самоуправа ќе додели и парична награда во висина од 20.000 денари за еден истакнат здравствен работник од итната медицинска помош. Општината ја доделува оваа награда на здравствениот работник, за неговиот исклучителен придонес во заштитата и унапредувањето на животот и здравјето на граѓаните, укажувањето итна медицинска помош, навременото и професионално постапување во итни медицински состојби, како и за покажаната хуманост, пожртвуваност, стручност и професионалност при извршувањето на работните задачи.

Со истата динамика, Советот ја поддржа и Предлог – Одлуката за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош, на Полициска станица од општа надлежност – Карпош. Признанието ќе го додели градоначалникот Сотир Лукровски, во рамки на Свечената академија која ќе се организира по повод одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош. По тој повод, Општина Карпош ќе додели и парична награда во висина од 20.000 денари, на еден полициски службеник од Полициската станица – Карпош, за неговиот придонес во непречено обезбедување на јавен ред и мир, заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, спречување во вршење криминални дела и прекршоци.

Советниците ја поддржаа и Одлуката, со која Општина Карпош ќе додели парична награда во висина од 10.000 денари, на едно вработено лице во локалната самоуправа, како признание за неговата постојана и силна посветеност и за неговиот дополнителен труд насочен кон одржување на чистотата и хигиената во општината.

Со одлука на Советот, локалната самоуправа по повод 50 – годишнината од своето основање ќе додели Плакети за заслужни граѓани на општина Карпош за 2026 година, кои со својата работа, професионален ангажман, остварувања и придонес во различни области дале значаен придонес за развојот и афирмацијата на општината во која живеат. Прогласувањето на заслужни граѓани претставува израз на почит и благодарност за нивниот придонес во унапредувањето на локалната заедница и поттик за негување на вредностите на посветеност, солидарност и општествена одговорност. Широк консензус од советниците доби и Предлог – Одлуката за давање согласност за објавување Јавен оглас, за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Карпош, во областа на урбанизмот.

Постапката за избор на членови во Партиципативното тело во областа на урбанизмот ќе ја спроведе тричлена Комисија формирана од страна на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски. На јавниот оглас можат да учествуваат сите заитересирани физички лица, претставници на невладините организации од различните сегменити на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Карпош. Огласот за пријавување ќе трае 30 дена од денот на објава на официјалната веб страница на Општина Карпош и во писмена форма со излагање на огласот на јавно место.

Инаку, формирањето на ова тело претставува законска и статутарна обврска на Општината, со цел обезбедување учество на граѓаните и стручната јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Советниците дадоа „зелено светло“ за измените и дополнувањата на Решенијата за именување на претседатели и членови на три комисии, кои функционираат во рамки на Советот на Општина Карпош. Станува збор за Комисијата за заштита на животната средина и природата (односно, екологија и енергетска ефикасност), Комисијата за култура, како и Комисијата за негување и чување на традициите на македонскиот народ и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја. Со поддршка на Советот беше усвоено и Решението за изменување и дополнување на Решението, за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош, за формирање на Комисија за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик) за 2026 година.

Во рамки на денешната седница беше изгласана и дополнителната точка која се најде на дневниот ред пред советниците од Карпош. Станува збор за Заклучокот за усвојување на Информација, во однос на Извештајот за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност (Public Expenditure And Financial Accountability – PEFA). Извештајот го презентираше претставник од Здружението за финансиски работници Велес, а истиот го изработија службите од Министерство за локална самоуправа, Швајцарска агенција за развој и соработка, УНДП и Здружението за финансиски работници Велес. Инаку, во однос на активностите за подготовка на ПЕФА Проценката, Општина Карпош оствари соработка со надлежните претставници и достави соодветни информации и документација потребни за подготовка на извештајот. Тековната проценка се однесува на периодот 2023–2025 година, а во извештајот се прави и споредба со резултатите од претходната PEFA проценка за Општина Карпош за периодот 2019–2021 година. Според најновиот Извештај (за период 2023-2025 година), се забележува подобрување на вкупната оценка на повеќе индикатори, кои се анализирани во однос на претходната и сегашната проценка. Имено, овие резултати укажуваат дека во периодот 2023–2025 година, Општина Карпош бележи видлив напредок во повеќе области на јавниот финансиски менаџмент, но дека остануваат прашања кои бараат понатамошно институционално внимание, особено во делот на надворешната ревизија, следењето на ревизорските препораки и одржувањето на постигнатите резултати во буџетското планирање и известување. Воедно, со доставувањето на оваа проценка се создава можност за запознавање со утврдените наоди, оценките и препораките што произлегуваат од анализата на управувањето со јавните финансии во општината.