Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Берово домаќин на петтото издание на „Classic car tour ’26 – Spa, Wine & Mountain“

На градскиот плоштад во Берово денеска се одржува петтото јубилејно издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На градскиот плоштад во Берово денеска се одржува петтото јубилејно издание на автомобилската манифестација  „Classic car tour ’26 – Spa, Wine & Mountain“, која ги обединува љубителите на ретките и класичните автомобили и придонесува за промоција на туристичките потенцијали на Малешевијата.

Манифестацијата официјално ја отвори градоначалникот на Берово, Петар Ружински, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари на организаторите за нивниот ангажман и за изборот Берово да биде дел од оваа автомобилска приказна.

Изложбата на ретро и класични автомобили, надополнета со музичка програма, создаде пријатна атмосфера на градскиот плоштад и привлече внимание кон автомобилската традиција, но и кон природните убавини и туристичката понуда на Малешевијата.

Реклама

Ружински истакна дека поддршката на ваквите настани е дел од заложбите за афирмација на локалните вредности, поттикнување на туристичкиот развој и промовирање на Берово како привлечна дестинација за посетители од земјата и странство.

Со одржувањето на јубилејното издание на  „Classic car tour ’26 – Spa, Wine & Mountain“, Берово уште еднаш се претставува како туристички центар кој ги поврзува природната убавина, автентичноста и гостопримството.