Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Вреди: Со законот за правична застапеност првпат се воспоставува ред за сите, без закон ДУИ манипулираше

Правичната и соодветната застапеност е уставен принцип, но четвртина век никогаш не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правичната и соодветната застапеност е уставен принцип, но четвртина век никогаш не станал закон. Имавме крпеници и ништо друго. Без закон, ДУИ полесно манипулираше. Без закон, полесно беше да се држи Албанецот како заложник со измама –  вели Астрит Илјази од Вреди во изјава што МИА ја објавува интегрално. 

И Албанецот го видел сето тоа. Тој видел како се вработуваат луѓе без заслуги. Тој видел како другите се изоставени, иако го заслужувале тоа. Тој видел како се бараат пари за работно место што го заслужуваат. Тој видел како ова прашање се претворило во политички бизнис.
Ова беше нивниот начин на владеење. Но, ова сега е минато.

По отстранувањето на алатката балансер, ние како ВЛЕН не се криевме. Ги засукавме ракавите и донесовме закон. Бидејќи Албанците повеќе не можат да бидат попречени од алатки. Албанците заслужуваат закон.
Со Законот за правична и соодветна застапеност, за прв пат се воспоставува ред за сите. За прв пат, оваа работа повеќе не останува без господар на домот.

Реклама

За прв пат се формира координативно тело, на чело со вицепремиер албанец, кое ќе го следи спроведувањето на законот и ќе ја повикува секоја институција на одговорност. Со други зборови, повеќе нема простор за измама, лажните изјави повеќе не поминуваат и времето за измама е завршено.

Овој закон не е за партија. Овој закон е за секој Албанец кој со години чекал да биде третиран правилно. Да го добие својот дел. Затоа што на крајот, луѓето не бараат многу. Тие бараат само правда. Ја заменивме алатката со закон. Затоа што Албанците не се алатка. Албанците се закон.