Скопје добива нова армија камиони за комунална хигиена. Возниот парк на јавното претпријатие за Комунална хигиена ќе се засили со 40 нови специјализирани возила – најави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Тендерската постапка ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка и е веќе распишана, а по завршување на сите правни процедури ќе започне и испораката на возилата. Но, тоа не е се – советот на градот се очекува да ја усвои и програмата за „Комунална хигиена“, со која Градот ќе обезбеди дополнително уште дестина нови камиони, овојпат со сопствени средства.
„Со ова, во функција ќе бидат ставени над 40 современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата во сите скопски населби и улици. Градот ќе располага со доволен број современи возила за да ја покрие секоја населба и секоја улица навремено, организирано и достоинствено, затоа што чист град значи здрав град, а здрав град – подобар живот за сите“, напиша градоначалникот Ѓоргиевски.
Директорот на претпријатието Драги Митковски вели дека со новите возила ќе се подобри чистотата и хигиената во главниот град

Ова според градоначалникот Ѓоргиевски е најголема инвестиција во јавната чистота во последни 10 години. Анализите покажуваат дека за помалку од 3 месеци набавени се многу повеќе возила, отколку во претходни 8 години каде што биле обезбедени само 4 камиони.
Изминатите години, главниот град редовно беше затрупан во ѓубре. Речиси низ сите општини и маала контијнерите беа преполни.Проблемот граѓаните го лоцираа во екс градоначалничката Данела Арсовска, која во нејзиниот четири годишен мандат не успеа да најде решение како да се подобри чистотата во градот.
Само кратко по преземањето на функцијата, Орце Ѓоргиевски иницираше сериозна и координирана акција за чистење на градот, со што главниот град за првпат по долго време почна да личи на уредена урбана средина.
