Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM го партизира судството со предлозите како Ана Павлова-Данева, партиски потпретседател, и Јадранка Дабовиќ, носител на листа на СДСM за Град Скопје

Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДСM. Гоце Наумовски не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДСM. Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор, за разлика од последните два предлога на СДСM, кои беа целосно партиски решенија, како Ана Павлова-Данева, поранешен потпретседател на СДСM, и Јадранка Дабовиќ, носител на СДСM за Град Скопје на локалните избори во 2005 година – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека судијката Даниела Алексовска-Стојановска во семејната куќа во Ранковце смести општински штаб на СДСM.

Оттука, јасно е, направи тотална партизираност и контрола на судството. Тоа е токму СДСM, кој судиите и обвинителите ги избираше во штабот на „Бихаќска“.

Реклама

И наместо да одговори која е поврзаноста на Венко Филипче и Зоран Заев со нелегалното производство и трговија со марихуана, СДСM лута од тема на тема.

Во овој контекст, за да дефокусираат од вмешаноста на Филипче и коланот Заеви во наркобизнисот зад параванот медицински канабис е и нападот на СДСM на Наумовски.