Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Расте незадоволството во СДСМ

Расте незадоволството во СДСМ и потребата од итни реформи во врвот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте незадоволството во СДСМ и потребата од итни реформи во врвот на СДСМ. СДСМ е во длабока криза која е  резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДСМ кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.

Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.

Реклама

Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.

Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДСМ до историски пораз.

Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.

Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДСМ за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДСМ.

За здрав демократски систем потребно е СДСМ да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта.