Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

Вицепремиерот Сали на средба со германската амбасадорка Дрекслер

Одличните билатерални односи меѓу Македонија и Сојузна Република Германија, со посебен акцент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одличните билатерални односи меѓу Македонија и Сојузна Република Германија, со посебен акцент на успешната соработка во областа на инвестициите и економскиот развој, се дел од темите што биле разгледани на денешната средба на заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, со германската амбасадорка, Петра Дрекслер.

Како што информираат од Министерството за европски прашања, Сали ја нагласил значајната улога на Германија како еден од најважните економски партнери истакнувајќи го придонесот на германските инвестиции во економскиот раст и создавањето нови работни места.

Особено внимание било посветено на процесот на евроинтеграциите, при што министерот Сали изразил благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија за европските аспирации на Северна Македонија и ја реафирмира институционална посветеност за спроведување на реформите и усогласување со европските стандарди.

Реклама

Амбасадорката Дрекслер ја потврдила поддршката на Германија за европскиот пат на земјата и изразила подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.