Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Вештачење за повредените во „Пулс“: во пожарот 157 лица добиле тешки телесни повреди, а 65 телесни повреди, дваесетина се деца

Обвинителството на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани презентира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани презентира медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица. 

Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентира вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца. 

Вештачењата на медицинската документација на повредените во пожарот на 16 март 2025 година констатира повреди од штетни гасови и интоксикација, тешки телесни повреди со изгореници на лицето, рацете, телото и грбот од 6 до 30 % од вкупната површина на телото, како и изгореници на дишните органи, оштетување на респираторната функција и повреда на дишните органи поради вдишување јаглероден моноксид. 

Реклама

Некои од повредените добиле и нагмечувања на главата и телото, скршени ребра и инхалаторни повреди оиради што била неопходна механичка инхалација, пад на кислородната сатурација до 80 %, нагмечни рани на рацете и телото, на очите и оштетувања и скршеници на градните прешлени. 

Одбраната реагира на изведувањето на доказите дека е само читање на листата со докази, а не читање и изведување докази. 

Претходно, Обвинителството ги изведе обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите. 

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. 

Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите што почнале во текот на лекувањето исто така констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото. 

Обвинителството изведе и писмен одговор од Судска медицина, за кој, рече, содржи одговори на прашањата колкаво присуство во крвта е смртоносно и колку бргу настапува смрт при задушување со јаглероден моноксид, потоа кои се специфични и неспецифични индикации и која е разликата меѓу задушување и труење со јаглероден моноксид, како и дали би биле спасени доколу биле подложени на кислородна терапија на местото на настанот и во болниците. 

Обвинителството исто така предложи на следното рочиште да биде повикано и сослушано вешто лице, кое ќе даде одговор на сите дополнителни прашања што произлегле или произлегуваат од обдукциското мислење. 

Судот на почетокот на денешното рочиште информира дека сè уште нема повратна информација за достапноста на едниот сведок, а за другите двајца сè уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат по што одлучи да се продолжи со изведување материјални докази. 

Судењето продолжува на 4 мај за кога Обвинителството треба да го повика и вештото лице од Судска медицина. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.