Реклама
Македонија

Уреднички коментар на Алфа по најновите напади од СДСМ

СДСМ падна толку ниско што, во целосно отсуство на аргументи, почна јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ падна толку ниско што, во целосно отсуство на аргументи, почна јавно да коментира, интерпретира и спинува приватни статуси на новинари на социјални мрежи. Тоа не е политичка дебата. Тоа е очајнички обид за дефокус.

Текстот што СДСМ го злоупотребува не е колумна, не е уредувачка политика и не е став на ТВ Алфа. Станува збор за личен статус на социјална мрежа, кој намерно се вади од контекст за дневнополитички потреби.

Таквото однесување е класичен пример на манипулација и притисок врз новинарите и медиумите.

Реклама

Фактот што СДСМ се впушти во политичка анализа на приватни статуси е јасен сигнал дека партијата влезе во опасна фаза: директно таргетирање и јавно етикетирање со цел заплашување и замолчување. Тоа нема врска со демократија, туку со авторитарни тенденции.

Со ова СДСМ не одговори на ниту едно суштинско прашање. Наместо демант на сериозните и јавно изнесени обвинувања на д-р Жан Митрев, добиваме спинови, конструкции и теории на заговор.

Ниту една политичка партија нема право да одлучува кој што смее да мисли, пишува или објавува на свој личен профил.

Наместо да спинува статуси, СДСМ треба да одговори:
– Дали обвинувањата на Жан Митрев се точни или не?
– Ако не се, каде се фактите?
– Ако се, кој ќе сноси одговорност?

Сè друго е дефокус и паника.

ТВ Алфа нема да молчи.
Нема да се повлече.

СДСМ со ова соопштение уште еднаш покажа дека не знае да се соочи со прашања кои сериозно го компромитираат неговото раководство.

Да биде јасно:
ТВ Алфа не добива инструкции од партии.
ТВ Алфа не учествува во кампањи.
ТВ Алфа не служи како ничиј мегафон.
ТВ Алфа не подлегнува под притисоци.

Слободата на медиумите не зависи од волјата на СДСМ.

Слободата на медиумите е уставна категорија и темел на демократијата.