Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Управата за заштита на културното наследство учествува на Медитеранската берза за археолошки туризам

Управата за заштита на културното наследство на Македонија и годинава е дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за заштита на културното наследство на Македонија и годинава е дел од престижната Медитеранска берза за археолошки туризам (Borsa Mediterranea del Turismo Archeologico – BMTA) која од 30 октомври до 2 ноември 2025 се одржува во Пестум, Италија.

УЗКН соопшти дека целта на континуираното учество на оваа Берза е промоција и популаризација на нашето богато културно и археолошко наследство, а годинава и афирмација на традициите поврзани со лозарството и винарството како дел од културниот идентитет на Тиквешкиот регион.

-Ова е петто учество на Македонија на овој престижен меѓународен настан, што ја потврдува континуираната и плодна соработка со Република Италија во областа на заштитата и промоцијата на културното наследство. Македонскиот штанд, кој традиционално ги претставува највпечатливите археолошки локалитети, цркви и манастири, оваа година е збогатен и со содржини подготвени од Винскиот музеј од Кавадарци. Оваа година штандот на Управата го посети и амбасадорот на Република Македонија во Италија, Весел Мемеди, соопшти Управата за заштита на културното наследство. 

Реклама

Медитеранската берза за археолошки туризам е единствен настан од ваков вид во светот, под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација (UNWTO). Таа претставува меѓународна платформа за средби, размена на искуства и развој на интеркултурен дијалог меѓу институции, музеи, универзитети, туристички оператори и професионалци од областа на културниот туризам.

-Со ова учество, Управата за заштита на културното наследство повторно ја потврдува својата заложба за активно претставување на Македонија на меѓународни форуми и за унапредување на видливоста на националното културно наследство како ресурс за одржлив развој и културна дипломатија, се наведува во соопштението ан УЗКН.