Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница, започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска присуствуваше на свечениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор, истакнувајќи дека IFIS системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија, соопштија денеска од Министерството.

-Ова означува значаен пресврт од застарени процеси базирани на хартија кон целосно дигитален пристап базиран на податоци. Со IFIS, градиме поодговорен систем за шумарство, стои во изјавата на министерот Трипуновски.

Се додава дека IFIS системот, кој е дел од проектот финансиран од Европската Унија, служи за следење на тековите на дрва, следење на шумските пожари, мапирање на биодиверзитетот и поддршка на ефикасно планирање на шумите.

Реклама

-Овој проект е доказ за нашата заедничка посветеност на Владата и Европската Унија да изградиме шумарски сектор кој е модерен, транспарентен, усогласен со стандардите на ЕУ и одржлив за идните генерации, нагласи министерот. Како министер, ве уверувам дека Министерството ќе продолжи да го движи овој процес напред – во партнерство со експерти, институции за да се обезбеди долгорочна одржливост, конкурентност и кредибилитет на шумарскиот сектор. Процесот на реформи продолжува, стои во изјавата на министерот.

На крајот се посочува дека Трипуновски изразил благодарност до Делегацијата на ЕУ, тимовите во Министерството, секторот Шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“ и сите вклучени институции за нивната улога во овој реформски процес.