Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти

Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 година. Во претходниот мандат кога СДСМ беше на власт од 2020 до 2024 во Собранието се пристигнати 28 закони за задолжување и без исклучок сите се пристигнати во скратена постапка. Овој закон не може да не е транспарентен бидејќи прво е усвоен во Влада, потоа е доставен до сите пратеници, матичната комисија ја претседава пратеничка од СДСМ“ – истакна Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Телма во емисијата „Директно“, се наведува во партиското соопштение.

Стојаноски истакна дека дел од средствата од новиот заем ќе бидат наменети за враќање на стари долгови и реализација на капитални проекти, обвинувајќи ја претходната власт за зголемување на јавниот долг и нетранспарентно трошење на државните пари.

„Со дел од овие средства покрај враќањето на старите долгови ќе се финансираат и одредени капитални проекти, суштината на нашата економска филозофија е финансирање на капитални инвестиции и така да дојдеме до економски раст којшто го имаме и којшто сега е присутен. Ние кога заминавме од власта го оставивме јавниот долг на 4,7 милијарди отприлика 44-5% од БДП, 2024 година имавме 8,8 милијарди што значи 10 проценти поени покачен долг. Ние во овие две години вративме 2 еврообврзници, едната од 500 милиони, едната од 700 милиони и за тоа требаше да обезбедиме средства од 1,2 милијарди евра“, рече Стојаноски и праша:

Реклама

„За што беа тие пари потрошени? Државниот завод за ревизија укажа дека најголем дел од тие средства се трошеле нетранспарентно и криминално“. 

Стојаноски на крај се осврна и на унгарскиот кредит за кој посочи дека тие средства мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, а како резултат на тоа е тоа што во 6 квартали по ред има раст на БДП од 3,4%.

„Тие 250 милиони евра коишто беа дадени кон деловните субјекти како и овие 250 милиони евра коишто беа дадени кон општините се средства коишто мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, и токму затоа вие имате ситуација во којшто 6 квартали по ред вие имате раст на БДП од 3,5%“, дециден е Стојаноски.