Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, посочувајќи дека работите се реализираат пред предвидениот рок.
-По 30 години чекање, за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување. За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии – посочува скопскиот градоначаник во објавата на социјалните мрежи.

Тој истакна дека со реализацијата на проектот повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат модерен и безбеден булевар што, како што нанагласува, треба да придонесе за полесно секојдневно движење и намалување на сообраќајниот метеж.
-Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат! Даден збор. Исполнето ветување. За наше Скопје! – вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

