Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Живот

Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од амбалажа, која предвидува нови мерки за справување со еколошките предизвици предизвикани од амбалажата на производите, што би требало да резултира со намалување на емисиите на штетни гасови, на употребата на вода и на трошоците во индустријата за амбалажа.

Паралелно, оваа Регулативата ќе создаде нови можности и за секторите за рециклирање и одржливост, како важен чекор кон обезбедувањето поциркуларна, одржлива и конкурентна економија во ЕУ.

Новите мерки имаат за цел да развијат единствен пазар за секундарен отпад и материјали за повеќекратна употреба, промовирање на рециклирањето и намалување на зависноста од примарните ресурси.

Реклама

„Тие вклучуваат промовирање повторна употреба или полнење, како алтернативи на пакувањето за еднократна употреба, и подобрено информирање на потрошувачите. Амбалажата ќе биде поодржлива и ќе им овозможи на потрошувачите повторно да ја користат и поефикасно да го сортираат својот отпад од амбалажа, со решенија приспособени на специфичните потреби на земјите членки и бизнисите. Регулативата на тој начин ќе ја подобри ефикасноста на ресурсите и ќе ја зголеми циркуларната употреба на материјалите“, се наведува во соопштението на ЕК.

Се очекува оваа Регулатива да понуди нови деловни можности, да генерира работни места и да поттикне иновативни решенија за амбалажата.

„Тоа ќе ја зголеми и ефикасноста во секторот за рециклирање, а дополнително, ограничувањата за одредени опасни материи ќе ги заштитат здравјето на потрошувачите и животната средина“, се додава во соопштението.