Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Живот

Повеќе од 30% од децата во Македонија имаат вишок килограми, стручњаците алармираат за потребата од промена на начин на живот

Секое 8-мо дете во Македонија,страда од преголема тежина. Повеќе од 30% од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое 8-мо дете во Македонија,страда од преголема тежина. Повеќе од 30% од децата на возраст од 6 до 9години имат вишок килограми, а од нив 4,4% се со прекумерна тежина, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје. Дебелината преставува сериозен затоа е потребно целосна промена на начинот на живот, алармираат спортските работници. Потребно е поголема физичка активност , посебно во предучилишна возраст  

„Родителите треба да дадат поголем акцент, да  бидат активни заедно. Задолжително да ги вклучат во пешачките зони, на спортрските терени, а од 6годишна возраст слободно да се вклучат и да тренираат во спортски клубови. На таа возраст децата веќе истражуваат и пројавуват интерес за одредени  спортови„ вели професорот по физичко образование, Мирко Јакимовски.

Во изминатиот период значително е подобрена спортската инфраструктура. Се градат спортски сали, пешачки патеки и игралишта, но според Јакимовски, клучен момент е и финансиската мотивација на спортските работници , кадар кој полека станува дефицитарен.

Реклама

 „Моментално сме многу малку, има голем недостаток на професори во сите училишта низ државата. Треба да се стимулираат платите на вработените во образованието, пред се професорите кои се занимаваат со спорт. Мора да се најде некаков модел дали државата или општините да ги стимулираат со некаква надокнада, со цел што повеќе луѓе да се вклучат во тој процес„ изјави професорот по физичко образование, Мирко Јакимовски.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, повеќето од децата кои имат прекумерна тежина живеат во урбани средини, а дебелината е почеста кај момчињата.