Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Живот

Често се будите меѓу 2 и 3 часот, тоа е лош знак за здравјето

При често будење во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При често будење во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3 часот наутро, време е да се посети лекар, бидејќи тоа може да биде знак за основни здравствени проблеми, смета д-р Ерик Берг од САД.

– Како повторно да заспиете ако поради некоја причина се разбудите меѓу 2 и 3 ч. наутро сред ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот, вели докторот.

Лекарот, всушност, објасни дека кортизолот – хормонот предизвикан од стрес, обично го достигнува своето најниско дневно ниво околу 2 часот наутро. Меѓутоа, кога наместо тоа се зголемува, може да биде одговорен за ноќните будења и последователни нарушувања на спиењето што може да ја уништат човековата рутина.

Реклама

– За мене беше обратно. Бев буден во 2 часот наутро, но бев крајно уморен во 8 часот наутро. Пробав сè – дури и лекови на рецепт. Не помогнаа. Всушност, она што тогаш не го знаев е дека овие лекови всушност го влошуваат и го зголемуваат нивото на кортизол, појасни Берг.

Заради рамнотежа, магнезиумот е можен сојузник. Затоа д-р Берг советува да се провери нивото на магнезиум, бидејќи недостатокот може да предизвика проблеми и за кортизолот и за спиењето. И науката го потврдува тоа. Ако не се внесува доволно магнезиум, се вели, кортизолот се зголемува.

Лошиот сон е поврзан со сериозни здравствени ризици, како срцеви проблеми, деменција и дијабетес, но магнезиумот има способност да го намали кортизолот.

Исто така, мускулната релаксација, којашто може да биде нарушена од покачен кортизол, е уште една област каде што магнезиумот игра важна улога.

Стресот може да го намали магнезиумот во телото, што го отежнува справувањето со самиот стрес. Магнезиумот е од суштинско значење за опуштање на мускулите и спречување на нивното напрегање поради високиот кортизол. Истражувањата покажуваат дека ниското ниво на магнезиум може да доведе до зголемено ниво на кортизол, потенцијално предизвикувајќи симптоми, како што се, на пр., анксиозност и раздразливост.

Магнезиумот е витален минерал којшто помага во метаболизмот, употребата на енергијата, мускулната функција и искористувањето на протеините. Иако недостатокот на магнезиум е редок, тој може да се појави кај поединци кои се борат со апсорпција на минерали поради фактори како што се операција, тешки изгореници, проблеми со одредени лекови или ниски нивоа на калциум во крвта.