Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица во Каменик

Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните.  

Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Проектот во целост се заокружува со уште една клучна фаза : изградбата на препумпна станица која се финансирана и спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Денеска извршивме увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, со што конечно ставаме крај на децениските проблеми на нашите сограѓани. Преку овој капитален проект, Општина Кисела Вода гради нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Она што го заокружува целокупниот систем е изградбата на препумпната станица од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Реклама

Досегашната постоечка мрежа беше правена со самопридонес од жителите пред многу години и беше целосно надвор од технички стандарди, што предизвикуваше секојдневен недостиг на вода и слаб притисок, особено во летниот период. Со овој проект решаваме проблем и за десетиците индустриски капацитети во оваа зона на Кисела Вода. 

Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање за огромната поддршка во реализацијата на капиталните проекти. Нивното денешно присуство е потврда дека централната и локалната власт силно и здружено стојат зад секој чекор што го подобрува квалитетот на животот. Ова значи подобра инфраструктура, силни бизниси, локален економски развој и најважно- услови младите да останат и да ја градат својата иднина овде-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Како што вчера најавив, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати, ги започнуваме. Како што кажа и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Оваа инвестиција е од огромно значење за овој дел од Кисела Вода, бидејќи со неа конечно го затвораме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење. Работиме плански. Откако ќе заврши изградбата на подземната инфраструктура, следен чекор е комплетно асфалтирање на овој потег. Потребите на граѓаните се јасни, а нашата цел како Влада е да одговориме на нив согласно можностите, што верувам дека го покажуваме и досега. Сакам да изразам благодарност до градоначалничката, до советниците кои што ја поддржуваат работата, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што ја има оваа синергија на терен и се прават вакви проекти, а а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да договараме на она што се потреби на граѓаните -изјави претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.