Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Македонија

Јубилејно 10. издание на Медиумскиот фестивал Скопје од 17 до 19 ноември во Лабораториум

Јубилејното 10. издание на Медиумскиот фестивал Скопје (МФС), во организација на Платформата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јубилејното 10. издание на Медиумскиот фестивал Скопје (МФС), во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), ќе се одржи од 17 до 19 ноември во „Лабораториум“, со богата програма составена од документарни филмови, работилници и дебати посветени на актуелните предизвици во медиумската сфера.

Како што соопштуваат од тимот на ПИНА, фестивалот годинава ќе отвори прашања поврзани со новинарската задача, улогата на новинарството во демократските општества, менталното здравје на новинарите, правната заштита во професијата и медиумската писменост во дигиталната ера.

Фестивалот ќе биде отворен на 17 ноември со проекцијата на документарниот филм „Птици на војната“, приказна за либанска новинарка и сириски снимател кои преку известувањето од воени жаришта ја откриваат човечката страна на конфликтите. По проекцијата ќе следува дискусија посветена на промените на медиумската сцена во изминатата деценија и предизвиците што ги очекуваат медиумите во иднина, а ќе биде прикажано и ретроспективно видео за досегашните девет фестивалски изданија.

Реклама

Вториот фестивалски ден ќе започне со работилница за справување со стрес и превенција од професионално согорување, што ќе ја води психотерапевтката Радмила Живановиќ. Во програмата е предвидена и дискусија за позицијата на жените во новинарството и застапеноста на темите што ги засегаат жените во јавниот простор, како дел од програмата на ПИНА за поддршка и зајакнување на новинарките.

Во рамки на филмската програма во среда ќе бидат прикажани документарците „Укради ја приказнава, те молам!“, посветен на легендарната американска новинарка Ејми Гудман, и „Демократија во мрак“, кој преку сведоштва на три жени ја прикажува трансформацијата на Унгарија.

Последниот фестивалски ден ќе биде посветен на правната заштита и медиумската писменост. Новинарите ќе имаат можност да присуствуваат на работилница што ќе ја води Маја Атанасова од Македонското здружение на млади правници, посветена на договорите, работните ангажмани и механизмите за правна заштита во професијата.

Фестивалот ќе биде заокружен со дебата за медиумската писменост, тема што, според организаторите, станува неопходна алатка за препознавање на проверените информации и за функционирање во современото дигитално опкружување.

Во четврток ќе биде прикажан и документарниот филм „80 гневни новинари“, кој ја следи борбата на група унгарски новинари за зачувување на уредувачката независност и професионалната автономија во услови на политички притисоци.

Затворањето на фестивалот е резервирано за документарецот „Господин Никој против Путин“, добитник на Оскар за најдобар документарен филм за 2025 година. Филмот преку снимки од едно руско училиште го документира влијанието на режимот на Владимир Путин врз секојдневниот живот на граѓаните и врз образовниот систем, ставајќи акцент на пропагандата насочена кон младите генерации.