Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Македонија

Општина Ѓорче Петров одбележа 82 години од ослободувањето, оддадена почит на борците и хероите

Со свечена церемонија, положување цвеќе и минута молчење, денеска во Општина Ѓорче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена церемонија, положување цвеќе и минута молчење, денеска во Општина Ѓорче Петров беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на општината, 14 Ноември, ден кој симболизира слобода, храброст и пожртвуваност на генерациите кои учествувале во борбата за ослободување.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на одбележувањето присуствувале градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, претседателката на Советот, Бранкица Дуковски, советници, претставници на институции и делегации, вработени во општината и граѓани, кои им оддале почит на борците и хероите што ги положиле своите животи за слободата.

– Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата – наведуваат во соопштението.

Реклама

Во обраќањето, градоначалникот Стојкоски истакнал дека 14 Ноември не е само значаен историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон заедницата и нејзината иднина.

– Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква – таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван – истакнал Стојкоски.

Тој посочил дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Од Општина Ѓорче Петров порачаа дека одбележувањето на 14 Ноември претставува потсетник дека слободата не смее да се зема здраво за готово, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.