Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Средба Тошковски-Вал: Соработката со ОБСЕ резултираше со конкретни проекти кои значат подобри услови за работа на полицијата

Во рамки на денешните активности остварив проштална средба со шефот на Мисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на денешните активности остварив проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, на која му се заблагодарив за неговата посветеност, професионалност и искреното партнерство во изминатиот период – напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот профил на „Фејсбук“.

Соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, додава, не останала само на декларативна поддршка, туку резултирала со конкретни проекти кои денес значат подобри услови за работа, посовремена обука и поголеми капацитети на македонската полиција.

– Со поддршка на ОБСЕ го изградивме и опремивме Мултимедијалниот центар за обука во Полициската академија, а обезбедивме и специјализирани простории за разговор со деца и жртви во Битола, Струмица и Тетово, со што направивме значаен исчекор во заштитата на најранливите категории граѓани. Заеднички работевме и на зајакнување на капацитетите за борба против нелегалната трговија и злоупотребата на оружје, преку воспоставувањето на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација, специјализирани обуки, регионална полициска соработка и превентивни кампањи, меѓу кои и „Животот нема рестарт“ – пишува министерот Тошковски.

Реклама

Според него, ова се резултати што остануваат и по завршувањето на еден дипломатски мандат. Тие, вели, се вистинската вредност на партнерството, посилни институции, поподготвени полициски службеници и поголема безбедност за граѓаните.

– На амбасадорот Вал му посакав многу успех во неговите идни професионални ангажмани, со уверување дека одличната соработка со ОБСЕ ќе продолжи и во периодот што следува. Благодарност за пријателството, поддршката и заедничката работа во интерес на побезбедна Македонија – напиша Тошковски на „Фејсбук“.