Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Народна Банка: Денеска реализирани 750 исплати во „Алта банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити

Продолжува исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, кои имаат платежни сметки во банката, но не располагаат со платежни картички. Од денеска, покрај во Битола, исплатата се врши и на шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари.

Според информациите од Народната банка, во текот на денешниот ден, во трите града биле реализирани вкупно 750 исплати. Процесот се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

– Од денеска, клиентите на банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски – се додава во соопштението.

Реклама

Народната банка потсетува дека од оваа недела зголемен е и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари.

– Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на банката – се нагласува во соопштението.