Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Во Берово одржана инфо-сесија за јавниот повик за финансирање на граѓански организации

Во Општина Берово се одржа инфо-сесија посветена на јавниот повик за граѓанските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Берово се одржа инфо-сесија посветена на јавниот повик за граѓанските организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансиски поддржана од Европската Унија.

На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој изрази благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Европската Унија за континуираната поддршка во унапредувањето и зајакнувањето на граѓанскиот сектор.

Тој посочи дека преку програмата ReLOaD3 се отвораат можности за реализација на квалитетни иницијативи и проекти насочени кон потребите и приоритетите на локалното население.

Реклама

Во рамки на инфо-сесијата, присутните имаа можност подетално да се запознаат со условите и критериумите на јавниот повик, како и да добијат дополнителни информации и појаснувања за подготовката и поднесувањето на проектните апликации.

-Целта на повикот е да се поттикне подготовката и реализацијата на квалитетни, одржливи и применливи проекти кои преку соработка и партнерство меѓу локалната самоуправа и граѓанските организации ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот и создавање конкретни придобивки за граѓаните на Општина Берово, информираа од Општината.

Програмата ReLOaD3 претставува поддршка за јакнење на партиципативната демократија и граѓанското учество во процесите на локалниот развој.