Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Граѓаните ќе можат да предлагаат проекти за Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

– Граѓаните на Општина Илинден до 25 ноември ќе можат да доставуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Граѓаните на Општина Илинден до 25 ноември ќе можат да доставуваат предлози и иницијативи за подготовката на општинскиот Буџет за 2027 година, во рамки на процесот на партиципативно буџетирање што општината го спроведува со цел поголема вклученост на јавноста во креирањето на локалните развојни политики.

Како што соопшти Општина Илинден, здруженијата и правните лица ќе можат да учествуваат во креирањето на буџетот преку доставување предлози насочени кон подобрување на квалитетот на животот и развојот на локалната заедница.

Од Општината посочуваат дека преку ваквиот партиципативен пристап продолжуваат со заложбите за транспарентно, одговорно и отчетно управување со јавните средства, при што потребите и приоритетите на граѓаните се ставаат во центарот на буџетското планирање.

Реклама

Заинтересираните ќе можат да ги достават своите предлози со пополнување анкетен прашалник, електронски на адресата [email protected] или лично во архивата на Општина Илинден најдоцна до 25 ноември.

Пристигнатите иницијативи ќе бидат разгледани од надлежните општински служби, а предлозите што се во согласност со надлежностите на Општината и се финансиски и технички изводливи ќе бидат земени предвид при подготовката на буџетските програми за 2027 година.

Од Општина Илинден ги повикуваат граѓаните активно да се вклучат во процесот и со своите предлози да придонесат во креирањето на идниот развој на општината.