Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Тошковски на средба со висока делегација на ИОМ: Продолжува соработката во областа на граничното управување, миграцијата и борбата против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија оствари работна средба со делегација на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), предводена од директорот за Европа и Централна Азија, Артур Еркен. На средбата беше потврдена одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, како и заедничката посветеност на натамошно унапредување на институционалните капацитети во областите од заемен интерес, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Министерот Тошковски изразил благодарност за континуираната поддршка и за проектните активности што се реализираат во партнерство со ИОМ, нагласувајќи дека тие имаат значаен придонес во спроведувањето на реформските процеси во Министерството за внатрешни работи.

Тој истакнал дека активностите што се реализираат со поддршка на ИОМ се целосно усогласени со реформските приоритети на Министерството, особено во делот на дигитализацијата, унапредувањето на граничното управување и зајакнувањето на капацитетите за борба против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти.

Реклама

Директорот Еркен ја нагласил важноста на досегашното партнерство меѓу ИОМ и Министерството за внатрешни работи, изразувајќи подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката преку реализација на заеднички активности и проекти и во наредниот период.

– По завршувањето на средбата, министерот Тошковски и директорот Еркен извршија увид во тековните градежни активности на објектот во рамки на Полициската академија, кои се финансираат преку ИПА 2024 проектот „Јакнење на системите за управување со нерегуларна миграција и борба против организираниот криминал во Македонија“, а се имплементираат од страна на Меѓународната организација за миграција. Реализацијата на овој проект претставува конкретен пример за успешната соработка меѓу МВР и ИОМ, насочена кон зајакнување на институционалните капацитети и создавање подобри услови за ефикасно справување со современите безбедносни и миграциски предизвици – се додава во соопштението.