Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Прво организирано пребројување на дивокозите на Шар Планина: Забележани здрави стада и подмладок

Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), го спроведе првото организирано пребројување и процена на состојбата на популацијата на дивокозата во зоната на строга заштита Лешница.

Истражувањето било реализирано во трите долини на месноста Лешница, при што биле забележани здрави стада со единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок.

– Мирниот ден и одличната видливост ни овозможија да ги набљудуваме стадата во нивното природно живеалиште. Забележавме здрави стада, со присуство на единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок. Ова се охрабрувачки показатели за состојбата на популацијата. На набљудуваните локалитети има и соодветни услови за исхрана – информираа од НП „Шар Планина“. 

Реклама

Добиените резултати се во согласност со досегашните забележувања на ренџерската служба при редовните теренски контроли, како и со податоците од фотозамките поставени во изминатите месеци.

– Фотозамките го потврдуваат и присуството на предатори, кои се природен дел од планинскиот екосистем. Нивното присуство, заедно со состојбата на популациите на дивите животни, ни помага подобро да ги разбереме природните односи и динамиката на дивиот свет. Собраните податоци ќе бидат полезни и за Програмата за мониторинг на балканскиот рис, која МЕД ја спроведува во соработка со бројни партнери во Македонија и соседните држави – велат од НП „Шар Планина“. 

Дивокозата е исклучително приспособена на живот во стрмни и тешко пристапни планински предели, велат од НП „Шар Планина“, со потенцирање дека и покрај овие способности, таа е чувствителна на човечкото вознемирување.

Шар Планина со своите 109 врвови од над 2.000 метри надморска височина, пространите високопланински пасишта, стрмните карпести предели и богатите шуми, обезбедува извонредни услови и за дивокозата. Ова било прво вакво истражување од оваа институција, а доколку временските услови дозволат, пребројувањето ќе продолжи и на други подрачја на Шар Планина.