Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Собраниска делегација на 24. Состанок на МПК – РСМ и ЕУ во Стразбур

Во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, денеска и утре ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, денеска и утре ќе се одржи редовниот 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и Европска Унија, односно Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација.

На состанокот, од страна на Собранието учествува делегација во состав: Иванка Василевска, шефица на делегација; Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, заменик-претседателки; членките Арбана Пашоли, Саранда Имери-Стафаи и Славјанка Петровска; како и заменик-членот Љупчо Пренџов.

-Состанокот ќе го отворат копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет – пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, а потоа дискусијата ќе продолжи на повеќе теми, како што се: Основни права и слободата на говор; Владеење на правото и борбата против корупцијата; Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионална стабилност. Исто така ќе се разговара и за: Прашања поврзани со животната средина; Транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност; Вештачка интелегенција и дигитализација, информираат од македонското Собрание. 

Реклама

Во делот на размена на мислења, обраќања ќе имаат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Вториот ден од 24. Состанок на МПК треба да заврши со усвојување соодветни заклучоци во однос на темите за дискусија.

Мешовитиот парламентарен комитет, во чија работа заеднички учествуваат пратеници од Собранието на Македонија и пратеници од Европскиот парламент, претставува единствен ваков форум за директен парламентарен дијалог и интензивна соработка. Оваа размена се одвива преку редовни состаноци кои во текот на годината се одржуваат еднаш во Скопје, еднаш во Брисел или Стразбур, во зависност од тоа каде заседава Европскиот парламент.