Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Нова енергетска инвестиција во Скопје. Поранешната Топлана Скопје Север доби нов систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова енергетска инвестиција во Скопје. Поранешната Топлана Скопје Север доби нов систем кој одеднаш произведува електрична и топлинска енергија. Компанијата „Теса енерџи“  ја пушти во употреба новата когенеративна постројка. Инвестицијата тежи 2,5 милиони евра. Двата генератори ќе произведуваат 2,1 мегават електрична енергија и 2,6 мегавати топлинска енергија.

Од компанијата велат дека ова е само почеток, планот е во втората фаза да има нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ваквите инвестиции се особено знајачни за главниот град, ќе има постабилна енергија, подобро греење и почист воздух за граѓаните.

“Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни престојат оваа зима. Можевме да го разгледаме самиот објект, да се увериме во тоа што е инсталирано, во гасните мотори, во автоматиката, во сè она коешто инвеститорот го подготвил за следната грејна сезона. Се запознавме со неговите планови за проширување на инвестицијата”, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Според вицепремиерот Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција.

„Зелената транзиција е она што и е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето“, рече Николоски.

Секој нов мегават значи дополнителна енергија и поголема сигурност за граѓаните порача министерката за енергетика.

„Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача Божиновска.

Од „Теса енерџи“ велат дека со оваа инвестиција, се модернижира системот за топлинска енергија за домаќинставата во Чаир и Бутел.

“За нас ова не беа само деловни одлуки, презедовме многу важен енергетски објект но и одговорност да го зачуваме и дополнително да го модернизираме системот што обезбедува топлинска енергија за домаќинствата и останатите објекти во Чаир и Бутел. Но, ние не застанавме само на тоа. Уште тогаш имавме многу јасна визија да ја модернизираме постојната инфрастуркура и да ја трансформираме во современ центар за комбинирана топлинска и електрична енергија”, рече Ајри Шеј.

Од Владата велат дека остануваат посветени Македонија да стане енергетски независна, да произведува повеќе своја струја и да го намалува увозот..

Како дел од планот, „Алказар Енерџи“ започна изградба на ветерен парк во источниот дел од земјава, инвестиција вредна над 500 милиони долари. Ќе бидат поставени 55 ветерници, ќе се изградат и нови патишта, а произведената струја ќе биде доволна за потребите на околу 148 илјади домаќинства.