Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Вицепремиерот Сали во Парламентот на Ирска: Проширувањето на ЕУ треба да донесе конкретни резултати за земјите кандидатки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари средба со Заедничкиот комитет за европски прашања на Парламентот на Ирска и неговиот претседател, Бери Ворд, во рамките на официјалната посета на Ирска.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, во фокусот биле пристапувањето на земјата кон Европската Унија, приоритетите на ирското претседателство со Советот на ЕУ, спроведувањето на реформската агенда и можностите за постепена интеграција пред полноправното членство.

Министерот Сали, се посочува, го поздравил ангажманот на Ирска за задржување на проширувањето високо на европската агенда нагласувајќи дека процесот мора да остане заснован на заслуги, предвидлив и поврзан со мерливи резултати. Тој посочил дека реформите во земјите кандидатки и институционалната подготовка на самата ЕУ треба да напредуваат паралелно.

Реклама

– Во разговорите беа опфатени владеењето на правото, зајакнувањето на јавната администрација и подготовката на стратешките документи за преговорите. Министерот ја потврди посветеноста на реформската агенда и планот за раст, како и потребата од техничка поддршка и размена на искуства со администрациите на земјите членки. Како пример за конкретни придобивки од постепената интеграција беше истакнато учеството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА): според податоците наведени во материјалот за средбата, до септември 2026 година биле реализирани над 581 илјада трансакции во вредност од речиси 11 милијарди евра, со проценети заштеди од над 5 милиони евра – се наведува во соопштението.

Биле разгледани и перспективите за намалување на трошоците за роаминг со ЕУ, соработката во дигитализацијата и потребата повеќегодишната финансиска рамка 2028 – 2034 да обезбеди стабилна поддршка за реформите и инвестициите во земјите кандидатки.

Министерот Сали нагласил дека државата останува посветена на дијалог за отворените прашања и на напредување на европскиот пат преку реформи, соработка и резултати што ги чувствуваат граѓаните и бизнисите.