Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Сите судски пресуди се во корист на пристапот до државниот каменолом кај Ореовец, контра газдите на луксузни имоти

Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено запирање на работите во државниот каменолом поради наводно оштетени куќи, вили и хациенди. Контрадикторни постапки на ореовчани кои завршиле и со изгубен судски спор.

Дел од соптвениците на имоти во ова село прават се и се жалат секаде во обид да го блокираат пристапот до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот, дел од Коридорот 10-Д; но сите анализи покажуваат а сите институции потврдуваат дека нема ништо спорно.

Прилепскиот Основен суд донел конечна пресуда дека нема никакви пречки да продолжат активностите. Ореовчани се жалеле на Апелација, а на повтореното судење повторно изгубиле.

Реклама

„Стратешкиот партнер може да продолжи без никакво ограничување со подготвителните работи, вклучувајќи привремени работи и поставување на локации.“ – се вели во пресудата од Основен Суд- Прилеп.

Во пресудата стои и дека како докази биле изведени резултати од мерни инструменти кои покажуваат дека бучавата и вибрациите не отстапуваат од дозволените  граници, а било анализирано и растојанието на каменоломот. Конечната одлука е дека нема ништо спорно.

„Сите концесии за истражување и експлоатација на минерални суровини неопходни за изградба на државни патишта се издаваат со рок на важност до завршување на имплементацијата на Проектот.“- се вели во пресудата.

Инаку дел од сопствениците на куќи, вили и хациенди од Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.