Над 150 повредени и повеќе од 160 уапсени е досегашниот епилог од протестите и насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Албанија. Четири дена по ред во Тирана буквално гори. Така беше и синоќа, кога полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Министерот за внатрешни работи соопшти дека во судирите биле повредени 97 полицајци.
Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите.
Рама, пак, обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија.

