Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Во Битола одбележан јубилејот 60 години адвокатска канцеларија Главинче

Адвокатите, судиите, обвинителите, сите кои сме во правната фела, во правосудството, треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатите, судиите, обвинителите, сите кои сме во правната фела, во правосудството, треба да покажеме достојна почит со високи етички вредности, бидејќи само на тој начин можеме да го задржиме тоа што е примарно за нашата професија, истакна адвокатот д-р Никола Главинче, на свеченост по повод јубилејот – 60 години адвокатска канцеларија Главинче.

Пред претставници на адвокатската комора, локалната самоуправа, гости од земјава и странство, Никола Главинче потсети на првите денови од работата на канцеларијата, отворена во 1966 година од страна на неговиот дедо адвокатот Сотир Главинче (1927-2015).

-Мотивот да отвори адвокатска канцеларија бил за да го оствари својот младешки идеал, а тоа е да помага на оние кои имаат доживеано неправда. Неправдата ја почувствувал и на своја кожа бидејќи издржувал казна на Голи Оток, но тоа подоцна не било пречка да биде избран за претседател на тогашниот Окружен Суд, денес Апелационен Суд Битола. Кога увидел дека неможе да напредува во Судот, заминал во адвокатура и во една таква држава како што беше Југославија, успеа да стане претседател на Адвокатска Комора на Југославија, што секако дека беше големо постигнување за еден битолчанец да биде прв човек на таа адвокатска комора. Битола е град на адвокатурата, или како што рече нашиот колега Ставре Џиков, Битола е столб на македонската адвокатура, нагласи адвокатот Никола Главинче.

Реклама

Пред колегите од градот, државата и странство, д-р Никола Главинче истакна дека ќе дојде време која македонските адвокати ќе бидат во можност да делуваат и на поширокиот европски простор.

-За иднината на професијата треба сите да придонесеме да се смират страстите кои во Битола и во Македонија се наелектризирани во правосудството и според мене треба сите институции во правосудството да делуваат покооперативно, бидејќи сите ние сме една професија. Судиите, адвокатите, обвинителите…сите сме во правната фела, во правосудството и треба да покажеме достојна почит со високи етички вредности, бидејќи само на тој начин можеме да го задржиме тоа што е примарно за нашата професија. Исто така треба стручно и научно да се надградуваме бидејќи ќе дојде време кога ние ќе бидеме во можност да браниме и застапуваме и на поширокиот европски простор, посочи адвокатот Главинче кој припаѓа на третата генерација адвокати во семејството.

Во свечената сала на битолскиот Офицерски дом беше поставена и изложба на фотографии од почетоците, развојот и бројни домашни и меѓународни активности на адвокатската канцеларија Главинче во периодот 1966-2026 година.