Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Семејство со две деца заглавено во снег во Леуново

Семејство, со две мали деца, било заглавено во снегот на патот пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејство, со две мали деца, било заглавено во снегот на патот пред хотел Радика, во близина на село Леуново. Спасувачките екипи веднаш реагирале и според информациите семејството е безбедно и се наоѓа пред хотелот, додека чека да се расчисти патот, за да може да го напушти местото. Поради обилните снежни врнежи и снежната покривка која достигнала околу 80 сантиметри, состојбата на патот била отежната.

Од центарот за управување со кризи информираат дека на патот кај Мавровско езеро имало паднати дрвја, што дополнително го отежнувало расчистувањето.

Од центарот за управување со кризи препорачуваат внимателност при движењето во овие подрачја. ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, со сите расположливи екипи врши расчистување на државните патишта кои според информациите од терен, се проодни за сообраќај.