Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Се зголемува цената на парното во Скопје заради инвестиции во старата мрежа

Од 1 декември цената на парното греење во Скопје ќе се зголеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 декември цената на парното греење во Скопје ќе се зголеми за 5,9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Зголемувањето се однесува на најголемиот систем за топлинска енергија, кој го управува државната компанија ЕСМ.

-Единствената причина за зголемувањето е потребата да се инвестира во дистрибутивната мрежа, која е изградена во 60-тите години од минатиот век и со децении не е обновувана, истакна Бислимовски.

Според него, во изминатите години мрежата имала повеќе сопственици, што резултирало со минимални вложувања, а тоа довело до голем број поплаки од граѓаните во текот на оваа грејна сезона.

Реклама

РКЕ донесе одлука за зголемување на цените и кај другите системи, ЕСМ Енергетика зголемување од 7 отсто и Скопје Север зголемување од 7,7 проценти. Најголемиот систем снабдува околу 62.063 потрошувачи, додека во Железара има околу 1.900, а во Скопје Север околу 450 потрошувачи.

-Она што го побаравме и од ЕСМ е во наредниот период системот во Железара полека да се спојува со градскиот систем, бидејќи нема логика на една иста компанија да определуваме две различни цени. Во наредниот период, исто така, и во мрежата во Скопје Север се очекува да се приклучат повеќе основни училишта, како и гинекологијата во Чаир, истакна Бислимовски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се спроведат активности за модернизација на мрежата, вклучувајќи длабинско скенирање на проблематичните делови. Според Бислимовски, во октомври биле регистрирани 22.562 рекламации на топлинскиот систем, а во ноември бројот се намалил на 4.854, што е четирикратно подобрување.

-Очекуваме бројот на поплаки да се намалува веќе во декември, а по завршувањето на грејната сезона да започнат поголеми инвестиции, додаде претседателот на РКЕ.

Бислимовски апелираше до граѓаните за разбирање, дека во мрежата долги години не е инвестирани и дека сега од како со неа управува државна компанија, ситуацијата ќе биде подобра.