Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Промоција на „Македонија 360“ – виртуелен водич низ природното и културното наследство

– Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјава преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видеосодржини, денеска ќе биде свечено промовирана во Музејот на Македонската борба за самостојност во Скопје.

Платформата претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации и над 10.000 панорами, организирани во категории како населени места, природни знаменитости, археолошки локалитети, музеи, верски објекти, авантуристички дестинации, угостителски и туристички капацитети, како и мали агропроизводители.

Проектот е реализиран од Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за проекти од областа на креативните и културните индустрии за 2026 година.

Реклама

Macedonia360.mk претставува технолошки надградена и проширена верзија на проектот MacedoniaFromAbove.mk, кој беше јавно промовиран во мај 2019 година. Развојот започна во 2015 година со снимање воздушни панорами, а од 2017 година продолжи и со снимање 360-степени панорами од земја.

Како посебна новина, во рамките на проектот за првпат се мапираат и големите православни крстови поставени на планини, ридови и други истакнати локации низ земјава.

Платформата содржи и 360-степени виртуелни презентации на Музејот на Македонската борба за самостојност и Археолошкиот музеј на Македонија, збогатени со аудионарација на македонски и англиски јазик, преку кои посетителите можат виртуелно да се движат низ музејските простории и да се запознаат со историските содржини.

Една од можностите е и споредување на изгледот на истите локации во различни временски периоди и сезони. Така, за Преспанското Езеро се достапни 360-степени панорами од 2020, 2025 и 2026 година, кои овозможуваат визуелен увид во промените на нивото на водата и изгледот на крајбрежјето. Платформата нуди и споредбени прикази на одредени локации во летни и зимски услови, како и во дневни и ноќни периоди.

На промоцијата ќе се обратат директорката на Музејот на Македонската борба за самостојност Анче Илиевска, авторот на проектот Бојан Тренчевски, експертот за одржлив туризам, развој на туристички дестинации и управување со проекти Александар Богоевски и професорот на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет Благоја Марковски.

Во рамките на настанот ќе биде организиран и мал саем на кој ќе се претстават дваесетина мали агропроизводители.