Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Семинар за дигитален маркетинг и користење алатки за промоција на уметници

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска почнува локалниот семинар CreArt – „Дигитален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска почнува локалниот семинар CreArt – „Дигитален маркетинг и користење  алатки за промоција на уметници“. Семинарот е наменет за запознавање на младите уметници со современите стратегии, платформи и дигитални алатки кои може практично да ги применат во промоцијата на нивното творештво.

Како што информира ЈУ Детски културен центар „Карпош“, семинарот опфаќа панел-дискусии за дигиталниот маркетинг каде што се создаваат нови можности за уметниците да ја претстават својата работа, да изградат препознатлив личен и професионален бренд и да допрат до поширока публика преку современи дигитални канали.

-Целта на семинарот е споделување успешни практични примери за самостојно користење на дигиталниот маркетинг и користење алатки за промоција на уметници, со цел зголемување на нивната видливост, препознатливост и комуникација со релевантната публика. Преку практични примери, интерактивна работа и размена на искуства, учесниците ќе стекнат знаења за креирање содржини, користење на социјалните мрежи, градење дигитален идентитет и избор на соодветни алатки за професионална промоција, најавува директорката на Центарот, Билјана Лалчевска-Серафимовска.

Реклама

Панелисти кои ќе дискутираат во првата сесија, на тема „Дигиталниот маркетинг во уметноста – од идеја до онлајн видливост“, ќе бидат проф. д-р Ана Секуловска-Јовковска од Факултетот за информатика од Универзитетот „Скопје“, проф. д-р Тони Васиќ, продекан на Факултетот за архитектура и дизајн од Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, Ана Марија Макеска, маркетинг-директорка во „Brainster“ и новинарката Весна Ивановска-Илиевска.

Во втората сесија, на тема „Алатки и стратегии за промоција на уметници – практични пристапи и успешни примери“, ќе дискутираат: Срна Гугуловска, основач и директор на „Two by Four“, Јана Иванова, потпретседателка за маркетинг во AИЕСЕК Скопје, Јована Велкова, фриленс графички дизајнер и Стефан Смиљаноски, директор во маркетинг агенцијата „Division“.