Во еден момент во мојот настап во емисија на една од националните телевизии изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од Народната банка (НБ) од постот на Х на гуверенрот Трајко Славески во кој тој дополнително појаснува дел од својата изјава во емисија на една од националните телевизии, која предизвика реакции во јавноста.
До мене допираат информации дека наводно сум вперил прст кон домашните медиуми. Сакам да појаснам дека во тој дел од емисијата зборував за случувањата поврзани со „Алта банка“ во Србија и за објавите во тамошните медиуми во врска со одливот на средства од банката. Во ниту еден момент не мислев на „Алта банка“ АД Битола, ниту, пак, сакав да ја доведам во прашање професионалноста на македонските медиуми. Тоа беше смислата на мојот одговор.
Во однос на случувањата кај нас, сметам дека прес-конференциите на СДСМ придонесоа за создавање недоверба и дополнителен притисок, во контекст на кој беше воведена и заштитната мерка за ограничување на исплатите на 10.000 денари неделно.
Особено ми паѓа тешко доколку мојата изјава е разбрана поинаку од новинари и припадници на новинарската фела чија работа исклучително ја почитувам и чии текстови редовно ги читам. Доколку со мојата формулација, макар и ненамерно, сум навредил некого од новинарската фела, искрено се извинувам. Тоа во никој случај не беше мојата намера.

