Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Економија

Димовски во Германија на средба со менаџментот на Џојсон Сејфти Системс, разгледано проширување на инвестицијата во Кичево

​Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска во Ашафенбург, Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево.

На средбата, како што соопшти  Дирекцијата за ТИРЗ, биле разгледани досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој. Посебно внимание било посветено на перспективите за продлабочување на партнерството и потенцијалите за проширување на инвестицијата во ТИРЗ Кичево.

Димовски истакнал дека присуството на глобални компании како Џојсон Сејфти Системс има значајна улога во развојот националната економија, посочувајќи дека долгорочната соработка со постојните инвеститори е подеднакво важна како и привлекувањето нови инвестиции, особено во контекст на создавањето услови за технолошки напредок и отворање нови можности за економски раст.

Реклама

Од Дирекцијата за ТИРЗ посочуваат дека средбата е дел од активниот дијалог на Дирекцијата за ТИРЗ со постојните странски инвеститори, со цел навремено препознавање на нивните развојни потреби и градење стабилни партнерства кои ќе придонесат за долгорочен и конкурентен развој.