Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Се осветлува патеката на кејот на Козјачка Река во Карбинци

Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка Река…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка Река во Општина Карбинци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот, Виктор Паунов. Станува збор за проект добиен од повикот од унгарскиот кредит, во износ од над два милиони денари. Проектот треба да биде завршен деновиве, а во наредниот период ќе започне и уредувањето на коритото на Козјачка Река.

-Се работи за осветлување на кејот на Козјачка Река, односно на патеката во село Карбинци. Ова е проект кој е поддржан од Владата, од вториот повик од унгарскиот кредит. Очекувам деновиве да биде комплетирано целото ова осветлување. Ова ќе значи дополнителни можности за рекреација покрај кејот. Набрзо ќе започне и чистењето на самото речно корито, изјави Паунов.

Тој додаде дека од вториот повик Општина Карбинци доби четири поректи за подобрување на условите во сите населени места. Од нив два се речиси целосно завршени, а останатите два се во завршна фаза.

Реклама

-Од оној втор повик два проекти се речиси целосно завршени, а два се во завршна фаза. Се работи на улица во село Таринци, како и на каналот Герен во село Долни Балван, рече Паунов.