Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Се одбележаа 25 години постоење „Википедија“ во организација на македонскиот разгранок „Викимедија МКД“

Јубилејниот 25-годишен роденден на интернет-енциклопедијата „Википедија“ вчера се одбележа со пригоден настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јубилејниот 25-годишен роденден на интернет-енциклопедијата „Википедија“ вчера се одбележа со пригоден настан и во Скопје во организација на македонскиот разгранок „Викимедија МКД“. 

На прославата во Скопје присуствуваа активни уредници, поддржувачи и љубители на слободното знаење, кои заеднички го одбележаа значењето на оваа глобална платформа за креирање бесплатни информации. Настанот почна со неформални разговори, каде што присутните имаа можност да споделат свои искуства, успеси и предизвици со уредувањето на статиите на „Википедија на македонски јазик“. 

Едночасовниот воведен дел од прославата се преточи во осврт на искусни корисници на „Википедија“. Нивните излагања беа фокусирани на искуството што корисниците го стекнале на „Википедија“, секојдневната употреба на „Википедија“ како извор на знаење и академско усовршување, употребата на „Википедија“ како алатка за научноистражувачки дејства и посебен акцент се стави врз волонтерството како значаен сегмент во општеството. 

Реклама

Свои кратки излагања имаа Кирил Симеоновски, Тони Ристовски и Николче Стојаноски како искусни корисници и администратори на „Википедија“, проследени од свое излагање од соработниците и корисниците Ана Вишинова од Музејот на македонската борба и Валентина Трајковска, Ирена Стерјовска и Филип Белчев од Инстутот за македонски јазик. 

– „Википедија“ е неизбежна мрежна страница при кое било пребарување на интернет. Без разлика дали се работи за љубопитно истражување или надградба на знаење, „Википедија“ е отскокна штица на секој што сака да научни нешто повеќе на интернет. Како заедница се трудиме да овозможиме што повеќе информации на македонски јазик и да ги следиме светските трендови – истакна, меѓу другото, и извршниот директор на „Викимедија МКД“, Снежана Штрковска.

„Википедија“ е онлајн-енциклопедија, која овозможува бесплатен пристап до енциклопедиски содржини на 340 јазици. Првата јазична верзија е „Википедија на англиски јазик“ и основана е на 15 јануари 2001 година. Основачи на најпозната енциклопедија и креатори на идејата се Џими Велс и Лери Сангер, кои со здружени сили ја почнале работата, првично само на англиски јазик. Македонската јазична верзија на „Википедија“ е основана во септември 2003 година и денес брои над 157.000 статии на македонски јазик.