Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Сарамандов: Грчките туристи имаат голем инпут во локалниот развој на Гевгелија

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов кој се осврна на меѓународната соработка и колку е таа значајна за општина Гевгелија со што ги објасни придобивките на општината заради нејзината местоположба и близина со Република Грција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Грчките државјани се секојдневно присутни во нашиот град во текот на целата година, но тие не се само гости тие се на некој начин тие се партнер на нашата локална економија, најголем дел од малите стопанственици од Гевгелија зависат токму од приходите остварени од грчките државјани и од транзитните туристи, ние сме еден добар пример каде што добрата местоположба и добрососедските односи придонесуваат за финансиско зајакнување на една локална заедница како Гевгелија“, рече Сарамандов.

Сарамандов објасни дека како резултат на добрата соработка со грчката амбасада во тек е отворање на трговски центар кој ќе овозможи 150 нови работни места како и инвестиција за отворање на нов ритејл парк кој ќе овозможи 400 нови вработувања.

Реклама

„Како локална самоуправа воспоставивме добра комуникација и со грчката амбасада, по препорака на амбасадата на Република Грција во тек е реализација и инвестиција во Гевгелија на потегот до граничниот премин, трговски центар којшто ќе овозможи 150 нови вработувања и ќе даде дополнителен инпут на локалната економија во Гевгелија. Во изминатите четири години со цел да ги искористиме можностите што ни ги дава оваа местоположба беа реализирани повеќе инфраструктурни проекти, беше изготвена туристичка платформа на градот, беа донесени нови урбанистички планови и како резултат на нашата отвореност кон приватниот сектор имаме уште една инвестиција модерен ретаил парк кој во наредниот период ќе овозможи 400 нови вработувања“, истакна Сарамандов.