Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Во Општина Карпош се одржа панел-дискусија посветена на подигнување на свеста за машкото здравје

Во рамки на „MOVEMBER 2026 “- месецот посветен на подигнување на свеста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на „MOVEMBER 2026 “- месецот посветен на подигнување на свеста за машкото здравје, денеска во просториите на Општина Карпош се одржала панел-дискусија на тема „Од превенција до отворен разговор“, на која било посочено дека грижата за здравјето треба да започне пред појавата на првите симптоми.

Настанот е реализиран во рамки на Годишната програма за еднакви можности на жените и мажите на Општина Карпош, со цел да се поттикне поголема информираност за здравствените потреби и предизвици со кои се соочуваат мажите, но и да се охрабрат на поголема грижа за сопственото здравје.

На панел-дискусијата присуствувале градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и министерот за здравство, Сашо Клековски, а својата експертиза и професионални искуства ги споделиле еминентни медицински стручњаци проф. д-р детски хирург Ристо Симеонов, детски хирург, доц. д-р урологот Виктор Станков, проф. д-р онкологот Игор Стојковски, асист. д-р психијатар Камелија Симеонова, м-р д-р психијатар Верица Малинкова Димовска и проф. д-р онкологот Дева Петрова.

Реклама

Како што информирата од Општина Карпош, посебен акцент бил ставен на значењето на редовните здравствени и уролошки прегледи, раното откривање и превенцијата на уролошките и онколошките заболувања. Посочуваат дека грижата за машкото здравје не треба да биде поврзана само со возраста или со појавата на здравствени проблеми, туку да претставува континуирана навика во секоја животна фаза.

Еднакво значајна тема била и менталното здравје. На дискусијата било потенцирана потребата од рушење на стереотипите и стигмата што сè уште ги спречуваат мажите отворено да зборуваат за своите психички и емоционални предизвици. Експертитет на дискусијата истакнале дека признавањето дека ни е потребна помош не е слабост, туку храброст и одговорност кон себе и своите најблиски.

-Преку примери од професионалната практика, анонимизирани случаи и непосредна комуникација со присутните, панелистите отворија значајни прашања и понудија стручни насоки, совети и препораки. Присутните имаа можност активно да се вклучат во дискусијата и директно да ги споделат своите прашања и дилеми. Пораката од денешниот настан е јасна: не чекајте здравствениот проблем да се појави за да побарате решение. Редовните прегледи, навремената превенција, грижата за менталното здравје и отворениот разговор се темел на поквалитетен и поздрав живот – соопшти прес-службата на Општина Карпош.