Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Европската комисија воведува три новини во Пакетот за проширување – патокази, постепена интеграција и безбедносен фокус

Европската комисија воведува три значајни новини во овогодишниот Пакет за проширување –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија воведува три значајни новини во овогодишниот Пакет за проширување – индикативни патокази за земјите што најбргу напредуваат кон членство, нов модел на постепена интеграција и посилен фокус на безбедносната димензија на проширувањето – изјави денеска на прес-конференција во Брисел еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на Пакетот за проширување за 2026 година.

Првата новина се однесува на индикативните патокази за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, кои во изминатата година оствариле најголем напредок на патот кон членство во ЕУ.

Според Кос, тие треба да обезбедат поголема предвидливост и да помогнат во насочувањето на пристапните преговори. Патоказот за Црна Гора ги опфаќа клучните чекори што таа треба да ги исполни до членството во Унијата, додека документите за Албанија, Молдавија и Украина ги содржат очекувањата и приоритетите за претстојната година.

Реклама

– Напредокот на овие четири земји покажува дека придвижувањето кон членство во ЕУ зависи од политичката волја и политичките одлуки. Секоја земја кандидат може да се приклучи на групата држави што брзо напредуваат. Ги охрабруваме сите земји кандидати да го направат тој избор – рече Кос.

Втората новина е предлогот за нов модел на постепена интеграција, со кој земјите кандидати би добиле повеќе придобивки од учеството во европските политики и структури уште пред формалното пристапување во Унијата. Кос посочи дека моделот ќе донесе придобивки и за земјите кандидати и за земјите членки, а истовремено ќе придонесе и за остварување на заедничките стратешки приоритети на ЕУ.

Таа најави дека во првиот квартал од 2027 година ќе започне дијалог за постепена интеграција со земјите од процесот за проширување. Целта е да се направи преглед на постојните мерки и да се разгледаат дополнителни можности за интеграција, при што конкретните насоки за четирите земји предводници се содржани во нивните патокази.

Третата новина е посилниот акцент на безбедносната димензија на проширувањето и на поврзаноста на безбедносните случувања во Европа. Кос посочи дека настаните во земјите кандидати имаат директни последици врз безбедноста на Унијата, особено во услови на зголемени дезинформации, сајбер-напади и организиран криминал.

Интегрирањето на земјите кандидати во безбедносните структури на ЕУ, според неа, ќе овозможи подобра размена на информации и покоординирано дејствување, поголема контрола врз миграцијата и организираниот криминал, како и зајакнување на способноста на Европа да се спротивстави на надворешните притисоци.

Кос нагласи дека во фокусот на реформите мора да останат владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и заштитата на основните права, бидејќи тие се важни не само за членството во ЕУ, туку и за секојдневниот живот на граѓаните.