Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

МП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди – соопшти попладнево Министерството за правда.

-Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди – се вели во соопштението на Министерството.

За Министерството за правда, како што наведуваат, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите.

Реклама

-Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија. Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните. Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати – се посочува во соопштението на Министерството за правда.