Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Во Пробиштип се одржа Национален младински дијалог

Во Пробиштип денеска се одржа Национален младински дијалог на кој учествуваа  млади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пробиштип денеска се одржа Национален младински дијалог на кој учествуваа  млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници.

Градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, исто така, учествувал на настанот и на интерактивната сесија, на која присутните млади лица ги споделиле своите ставови, размислувања и предлози.

-Ме радува што прашањата и предлозите кои се од надлежност на локалната самоуправа беа конкретни и детално образложени од младите, како и што најголемиот дел од нив се поклопуваат со нашата стратегија и план за развој на општината – вели Тоневски. 

Реклама

На последната седница на Советот на општина Пробиштип, е усвоен Акцискиот план за млади за 2027/2028 година, со голем број на конкретни активности за подобрување на условите и можностите за младите од општина Пробиштип.

-Како локална самоуправа, остануваме посветени на поддршката на младите, создавањето можности за нивно активно учество и градењето средина во која нивниот глас, идеите и иницијативите ќе имаат вистинско значење. Иднината се гради заедно со младите-рече Тоневски.