Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44-годишниот Р.Т – раководител на е-индекс и 44-годишната М.М.Н – советничка на студентска архива од Универзитетот „Гоце Делчев“.  Двајцата вработени  ќе се гонат кривично за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба.

Според МВР 44-годишниот Р.Т – раководител на е-индекс за различна сума пари, подолг временски период, на студенти од Турција им пријавувал испити по истекот на предвидениот рок, полагање испити по затворање на системот за пријавување испити,  бришел и оценки и кредити на студентите во е-индекси со цел да запишат нов семестар или година, а внесувал и податоци дека наводно студентите ја платиле потребната школарина. При претресот во неговиот дом одземени се три лаптоп комјутери, четири телефони, усб стикови, документација како и пари. Со судска наредба извршено е пребарување на системот на е-индекс и системот на податоци на Универзитетот  при што се пронајдени и одземени електронски податоци за извршени промени во тој систем.

Реклама

– Но при тоа пронајдени се записи и за извршени промени во системот и од страна на 44-годишната М.М.Н. – вработена како советник на студентската архива и кај неа е извршен претрес на домот по дополнително издадена судска наредба, по што  е лишена од слобода – соопштија од МВР.

Според Обвинителството двајцата вработени на штипскиот универзитет ова го работеле од 2021 до 2026 година, а како што наведуваат за сметка на тоа се стекнувале со материјална полза која во моментов се проценува на 21.000 евра.